Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе престојува во четиридневна посета на САД, каде ќе присуствува на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, јави Анадолија.

Во седиштето на ОН во Њујорк, Ердоган ќе се обрати на Генералното собрание, кое започнува следниот вторник, 14 септември. Ердоган, исто така, се очекува да има билатерални средби со лидерите на различни земји на маргините на собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.