Писмото на американскиот претседател, Доналд Трамп, врачено на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, заврши во канта за отпадоци, пишува „Би-би-си“, повикувајќи се на неименувани извори од кабинетот на турското претседателство.

Претседателот Ердоган го доби писмото, воопшто не го прифаќа и го фрли во канта“, брифираат за Би-Би-Си.

Во писмото, датирано од 9 октомври, а испратено по повлекувањето на американските сили од Сирија, Трамп му порача на Ердоган да „не биде опасен и луд“.

Првиот човек на САД, во писмото пратено на денот кога почна турската офанзива на североистокот на Сирија, го предупреди Ердоган дека во случај состојбата во Сирија да не се реши на хуман начин, во историјата ќе остане запаметен како ѓавол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.