Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко го критикуваше односот на францускиот претседател Емануел Макрон кон муслиманите.

Ердоган дури го доведе во прашање неговото ментално здравје.

Сѐ што може да се каже за шефот на државата кој на таков начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво провери го сопственото ментално здравје“, кажа Ердоган.

Турскиот лидер пред две недели ги осуди како провокација изјавите на Макрон за „исламскиот сепаратизам“ и потребата исламот во Франција да се „структуира“.

Предлог законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, чија мета е радикалниот ислам, треба да се најде во парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларност и да се консолидираат републиканските принципи.

Но, планираната засилена контрола на финансирањето на џамиите и забраната за школување на имамите во странство може да доведат до тензии во односите со Турција.

Тоа е најновото во долагата низа несогласувања на Макрон и Ердоган, кој често се поставува како заштитник на муслиманските малцинства во Европа и во светот.

Меѓу прашањата за кои Анкара и Париз имаат дијаметрално спротивни ставови се прашања на нафтата и гасот во Средоземното Море, Либија, како и конфликтот во Нагорно Карабах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.