Ер Франс и неговата регионална поделба Хоп, синоќа објавија дека прекинуваат 7.500 работни места како резултат на негативните ефекти на пандемијата на коронавирус врз воздушниот сообраќај, јави Асошиејтед Прес.

По преговорите со претставниците на персоналот, кои траеја во текот на вчерашниот ден, раководството на компанијата синоќа објави дека до 2022 година ќе скрати околу 6.500 од 41.000 работни места во „Ер Франс“ и 1.000 од 2.400 работни места на Оп. Компанијата соопшти дека пред да започнат отпуштањата, таа ќе  охрабри доброволно заминувања и предвремено пензионирање.

Авиокомпаниите ширум светот се предвидува да претрпат загуба од 84 милијарди американски долари оваа година, со што ги преполовија приходите. Некои се пријавиле за банкрот, додека други побарале државна помош за да го преживеат скоро целосниот прекин на нивните активности. Според официјалните предвидувања, ќе поминат неколку години пред закрепнувањето на секторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.