Индија бележи ново рекордно зголемување на новозаразени со корона вирусот за 24 часа.

Во последното деноноќие во земјата се регистрирани 66.999 нови заразени, со што вкупниот број заразени лица во Индија сега е речиси 2,4 милиони.

Како што соопшти индиското Министерство за здравство, вкупниот број смртни случаи од корона вирусот надминал 47.000.

Индија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил, а е четврта по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Мексико.

Индија има по повеќе од 50.000 новозаразени со корона вирусот дневно во изминатите 15 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.