Европскиот Парламент, со првото гласање, не успеа да го избере новиот претседател на институцијата.

Засега води Италијанецот Дaвид Сасоли од Групата на социјалистите и демократите.

На гласањето учествуваа 735 европратеници, а беше потребно мнозинство од 332 гласови, прецизира претседавачот Антонио Тајани.

Тој го најави почетокот на второто гласање.

Во првиот круг Сасоли доби 325 гласа. Ска Келер од Зелените има 133 гласа, Сира Рего од Европската обединета левица доби 42, додека Јан Захрадил од Европските конзервативци и реформатори од Чешка има 162 гласа. Вкупно 73 гласа беа неважечки.

За вториот круг не се пријавени нови кандидати.

Aко и во вториот круг ниту еден од кандидатите не добие мнозинство гласови, ќе се гласа по третпат. Во случај и тогаш да не бидат недоволни резултатите за победник, во четвртото и последно гласање ќе учествуваат само оние двајца кандидати со најголема поддршка. Победува оној кој ќе добие повеќе гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.