Урсула фон дер Лејен, следниот претседател на Европската комисија, ќе се состане со водечките политички групи во Европскиот парламент.

Се очекува во среда или четврток раководството на ЕП да одлучува дали да се вклучи на дневен ред на сесијата следната недела гласање за предлогот дека Лејен ќе биде шеф на Европската комисија. Ако се одлучи да почека, предлогот ќе се гласа најрано во септември.

Засега нема јасност за тоа како водечките парламентарни групи ќе гласаат, ниту пак има програма за управувањето на Лејен. Германката подоцна денеска ќе даде изјава во која ќе ги наведе нејзините цели како шеф на комисијата. Ќе биде ставена на своевидно испрашување од страна на „Зелените“ на отворена седница.

ЕК под претседателство на Жан-Клод Јункер има моќ да работи до 1 ноември. Дотогаш, ќе биде назначено следното тело на институцијата, актуелните претседатели на ЕУ можат да останат на функцијата додека постапките не се завршат. ЕП може да ја отфрли Лејен, а потоа Европскиот совет ќе има рок од еден месец за да даде нов предлог за шеф на комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.