Европската агенција за лекови, ЕМА, ќе одржи прес-конференција денеска во 16 часот во Амстердам за случаите со згрутчување на крвта.

Прес-конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на ЕУ институциите.

Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на „Астра зенека“ и случаите на згрутчување на крвта, што подоцна беше демантирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.