Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека започнала евалуација на вакцината против ковид-19 на француската биотехнолошка компанија „Валнева“.

Вакцината „Синовак“ , како и француско-британската „Sanofi / GlaxoSmithKline (GSK)“ и на рускиот институт Гамалеја, исто така се под ревизија од страна на ЕМА, која има за цел да ги забрза можните одобрувања со проучување на податоците веднаш штом тие се достапни.

Минатиот месец, Европската комисија го потпиша својот осми договор за вакцина против ковид-19 со „Валнева“, според кој компанијата треба да испорача до 60 милиони дози од вакцината во текот на две години.

„Валнева“ во октомври рече дека нејзината вакцина покажала ефикасност „барем еднакво добра, ако не и подобра“ од „Астра зенека“, во студијата во доцната фаза во која вакцините се следеа паралелно, при што вакцината на „Валнева“ има значително помалку несакани ефекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.