Проценката направена од владата на Соединетите американски држави покажа дека работата за одржување била најверојатната причина за експлозијата во Бејрут, објави во четвртокот Вол стрит журнал, повикувајќи се на анонимен извор запознаен за овој проблем.

Залихите што наводно се состоеле од 2.750 тони амониум нитрат најверојатно биле запалени по заварување што било направено на 4 август, денот кога се случила експлозијата во градското пристаниште, заклучиле од САД.

Наводно, работниците што вршат одржување не биле информирани за опасниот материјал што бил складиран во магацин.

Друг извор, неименуван советник на премиерот на Либан, изјавил дека истражителите од вооружените сили на земјата се очекува да објават слични откритија.

Во експлозијата загинаа над 160 лица, а неколку илјади се повредени. Протестите кои следеа по несреќата во пристаништето доведоа до оставка на целата либанска влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.