Владата на Либан, предводена од Хасан Диаб, поднесе оставка, но протестите во земјата по големата експлозија во Бејрут продолжуваат.

Во протестите, кои почнаа неколку дена по експлозијата стотици лица се уапсени, повредени, а еден полицаец го загуби животот.

Демонстрантите продолжуваат со протетсите иако нивното главно барање беше Владата да понесе одговорност за експлозијата во која загинаа околу 200 луѓе.

Истражен судија почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија.

Во експлозијата во Бејрут се повредени 6.000 луѓе, додеа 20 се водат како исчезнати.

Експлозијата беше предизвикана од 2.700 тони амониум нитрат, складиран во пристаништето во Бејрут пред шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.