Во урнатините на петкатната зграда во Виена која се сруши по експлозија на гас, било најдено безживотно тело на 29-годишна жена, мајка на две деца, а пожарникарите се обидуваат да стигнат до уште една жртва која била затрупана во рушевините, пренесуваат тамошните медиуми.

Во трагедијата повредени се и 15 лица, а меѓу нив и еден пожарникар. Според последните информации, четири лица се наоѓале во тешка критична состојба.

Трагедијата можела да биде и поголема, бидејќи во близина се наоѓало основно и средно училиште, а само дваесетина минути пред експлозијата родителите ги однеле своите деца дома по завршувањето на наставата.

Се стравувало и дека има мртви и повредени во автомобилите, кои биле затрупани по експлозијата, но за среќа биле уништени само возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.