Пред отворањето на центарот за тестирање на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, утрово одекна експлозија, но во несреќата нема повредени.

Холандските медиуми јавуваат дека експлозивот бил ставен во метална цевка вон објектот.

Во експлозијата се искршени пет прозорци во центарот. На самото место во тоа време имало чувар, но тој не е повреден.

Полицијата ја опколи областа и спроведува истрага. Засега, се претпоставува дека цел на нападот бил центарот за тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.