Најмалку седум лица починаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во експлозија во Дака, главниот град на Бангладеш, соопшти полицијата.

Засега не е позната причината на експлозијата, до која дошло во приземјето на трикатна зграда во прометна улица во Дака, пренесува Ројтерс.

– Засега имаме информации дека седум лица настрадаа во инцидентот, а дека 50 се примени во болница, рекол за новинарите началникот на градската полиција во Дака, Шафикул Ислам.

Тој додал дека во експлозијата се оштетени уште седум згради во близина и три автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.