Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во силната експлозија во зграда во центарот на Мадрид, на улицата „Толедо“ во главниот шпански град.

Според „Ел Паис“, експлозијата уништила неколку од повисоките спратови на зградата, а екипи на Брзата помош и противпожарната бригада веќе се на местото на несреќата.

Во тек е евакуација на минувачите и жителите на околните згради. Медиумите јавуваат дека локалното училиште е сериозно оштетено од експлозијата, а чадот што се гледа на видеата снимени на улица наводно потекнувал од старечки дом до зградата каде што се случила експлозијата.

Според првичните информации експлозијата веројатно е предизвикана од истекување на гас во зградата, изјави градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеида пред новинарите на местото на настанот.

Агенциите јавија дека од силината на ударот шест ката од зградата одлетале во воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.