Најмалку 14 лица се повредени, од кои тројца потешко, во денешната експлозија на пиротехнички средства за време на одбележувањето на традиционалниот празник на елката во каталонскиот град Сентељес во Шпанија.

Три лица, кои се здобиле со тешки изгореници, се префрлени во болница.

Како што пренесе, „Мундо“ на местото на несреќата пристигнале 12 амбулантни возила, како и пожарникарски екипи.

Прославата на фестивалот е прекината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.