Ново британско-шведско истражување покажало дека заштитата што ја пружа вакцината на „АстраЗенека“ не се намалува, дури и ако временскиот период помеѓу првата и втората доза е подолг.

Заклучокот на научници од Универзитетот на Оксфорд, кои заедно со британско-шведската фармацевтска компанија ја развиле вакцината е дека имунолошкиот одговор е многу силен, а во некои случаи е и подобар кога измеѓу првите две дози има 45 недели, во однос на стандардниот интервал.

Одговорот на втората доза е одличен, дури и 10 месеци после првата – вели професорот Ендру Полард, кој ги води истражувањата на вакцините.

Научниците ја следеле ефикасноста на третата доза на вакцната на „АстраЗенека“, примена најмалку шест месеци по првата доза.

Тие забележале значително силен имунолошки одговор и подобра заштита од делта сојот на корона вирусот, што во моментов најмногу се шири во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.