Експертот за читање од усни за радиото Antenne Bayern, тврди дека германската канцеларка за време на третото тресење во јавност, Меркел ги повторувала зборовите: „Ќе успеам, ќе успеам“.

Експертот за читање од усни Џудит Хартер за радиото изјавил дека е сигурен дека тоа се зборовите што ги повторува канцеларката за време на интонацијата на химната при средбата со финскиот премиер Анти Рине, односно кога започнала да има трет треперлив напад, пренесуваат медиумите од регионот.

Фразата што потсетува на изјавата на канцеларката од 2015 година, кога мигрантска криза предизвика голема бура.

Тогаш, Меркел, зборувајќи за бранот бегалци, рече: „Ние ќе можеме да се справиме со ова ситуација“.

Инаку, по трите треперања во јавноста Меркел вчера ја пречека премиерката на Данска, Мета Фредериксен седејќи, се слушаше интонацијата на химната седејќи, не како што е ред по протокол.

Меркел и по оваа трето треперење вели дека се чувствува добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.