Околу 40.000 литри нафта се излеале во водите на Јужниот Пацифик по инцидент на терминал на рударска компанија на островот на јужниот дел на Патагонија, соопштија властите во Чиле.

Инцидентот се случил завчера, за време на активностите на компанијата ЦАП, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Порто Наталес.

Нафтата се излеала во зона која припаѓа на области со најчиста вода на планетата и со богат екосистем.

Локалните власти наредија истрага за тоа што предизвикало излевање на нафтата и кој е одговорен за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.