Европската Комисија порача дека процесот на одобрување на одредени вакцини во ЕУ не значи дека вакцините што се уште не се одобрени во Европа не се ефикасни.

Тоа што некоја вакцина не е проценета од страна на Европската агенција на лекови не значи дека не е ефикасна – изјави портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер.

Изјавата, пред сѐ, се однесува на вакцините од Русија и Кина кои не се одобрени од европската агенција.

Де Керсмакер истакна дека процесот на одобрување на вакцини во ЕУ, што го води Агенцијата за лекови има за цел да им гарантира на граѓаните на ЕУ дека вакцините што ги примаат се ефикасни и безбедни.

Вакцините треба да бидат ефикасни и безбедни. Имањето контрола врз вакцините има за цел да ги увери граѓаните дека не треба да се плашат да учествуваат во вакцинацијата и овој процес на контрола ни овозможува да имаме сигурност, тоа не значи дека другите вакцини не се ефикасни – порача портпаролот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.