Европската комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот за сега останува ист, јавува дописничката на МИА од Брисел.

По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската Комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.

Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот Совет, ќе чекаме да видиме што има а ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.