Државите кандидати за членство во ЕУ во иднина ќе преговараат за членство преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја, објави „Дојче веле“.

Ветувајќи покредибилен и подинамичен процес, во верзијата на документот кој сѐ уште не е конечен, Европската комисија најавува дека со новата агенда ќе ја поддржи трансформацијата на земјите од Западниот Балкан во функционални пазарни економии кои ќе можат целосно да се интегрираат во заедничкиот ЕУ-пазар, ќе отвори нови работни места и можности, ќе ги подобри бизнис и инвестициската клима, ќе му даде особено значење на владеењето на правото и ќе го запре одливот на мозоци од регионот.

Конечната верзија на новиот план на Брисел за регионот и генерално за политиката на проширување ќе биде претставена утре.

Впечаток од последната верзија на документот до која дојде „Дојче веле“ е дека тој во голема мерка им удоволува на француските барања кои беа претставени во нон-пејперот на Париз во ноември минатата година. Двете клучни барања на Франција во тој документ беа заострување на условите и реверзибилност на процесот, и токму на тие прашања е ставен акцентот и во документот на ЕК.

Целиот текст тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.