Европска комисија денеска потврди дека е известена од американската компанија Модерна за ненавремено доставување на вакцините против Ковид-19.

Вакцините што требаа да пристигнат во текот на месецот, според портпаролот на ЕК, ќе бидат доставени во март.

Тој не прецизираше што ќе се случи поради недоставувањето на очекуваниот број на вакцини до крајот на февруари.

Портпаролот не демантираше дека ЕК преговара со Модерна за дополнителна достава на вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.