Европската Комисија ќе објави нов нацрт- изваштај со кој на земјите членки и на Европскиот Парламент им се нуди ревидирана методологија на преговарачкиот процес за проширување.

Европската Комисија инсистира на тоа дека не станува збор за промена на процесот, туку за негова ревизија со цел тој да стане подинамичен и поефикасен. Последната ревизија на овој процес датира од 2003-та.

Документот содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност, пишува МИА.

Овој предлог треба да биде прифатен од земјите членки на ЕУ, најрано кон крајот на овој месец, а Европската Комисија на за две седмици ќе ги објави и извештаите за реформскиот напред во Македонија и Албанија.

Доколку земјите членки се согласат со новата методологија и оценат дека реформите се исполнети тогаш има шанси за зелено светло за преговори на самитот во март во Брисел.

Останува да се види како ќе реагираат земјите членки, посебно Франција, Холандија и Данска, кои блокираа во октомври. Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален во понеделник изрази увереност дека Комисијата ќе даде задоволителен предлог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.