Европска Комисија одобри договор со американската компанија Новавакс за 200 милиони дози вакцини, која веќе е успешно тестирана против варијанти на коронавирус, објави на Твитер претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Тоа е седми договор за ЕУ ​​одобрен од ЕК. За разлика од претходните, тој доби согласност од Брисел во време кога нема проблем со снабдувањето со вакцини.

Документот предвидува купување на 100 милиони дози со можност за уште 100 милиони дози до 2023 година, откако Европската агенција за лекови ќе го одобри производот.

Интересно е што руската вакцина Спутник сеуште чека зелено светло за признавање од страна на Европската комисија за лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.