Едногодишно дете е во кома во болница во Италија откако проголтало дрога. Детето, чии родители се од Хрватска, било хоспитализирано завчера и е во многу сериозна состојба откако голтнало дрога, најверојатно канабиноиди.

Според италијанските медиуми, детето било примено на интензивна нега во четвртокот навечер во болница во Фоџа и било ставено во индуцирана кома. Според првичните информации, станува збор за дете на хрватски родители, 34-годишна мајка и 39-годишен татко.

Или е марихуана или е хашиш. Во моментов не можеме со сигорност да прецизираме, но силината го направила своето. Во моментов нејзината состојба е неизвесна и се уште е во животна опаснсот, изјавиле од болницата.

Детето кога било донесено било без свест. Лекарите веднаш извршиле тестови за да утврдат дали проголтало опојна дрога, за што ја известиле италијанската полиција. Полицијата извршила претрес во домот на хрватската двојка, но не откриле никакви траги на дрога.

Истрагата продолжува и лекарите продолжуваат да се борат за животот на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.