По именувањето на Жан-Пјер Моншер, од редовите на Републиката во Марш (ЛРЕМ) за нов градоначалник, семејството Прориол ја предаде власта во општината Бозак (Горна-Лоара) која ја имаше во својата фамилија уште од 1928 година, јави дописникот на МИА.

Новиот градоначалник, на возраст од 51 година, изјави дека создал кандидатска листа за општинскиот совет минатата есен „од страв од нова кандидатура на градоначалникот во заминување“, Жанан Прориол, кој има владеено под разни политички гарнитури УДФ, Д.Л. , потоа УМП. На 85 години, тој има поминато десет мандати како градоначалник на овој град со 3.000 жители во горната долина на Лоара.

Жан Прориол во декември минатата година соопшти дека нема да бара нов мандат по 30 години како генерален (департмански)советник и скоро 38 години како парламентарец. Тој исто така беше прв потпретседател на регионалниот совет на Оверњ, каде заседаваше дваесет години кога со него претседаваше поранешниот шеф на државата Валери Жискард Д’Естен.

Прориол на последните општински избори ја поддржа листата предводена од неговата прва помошничка градоначалник, Жанин Гесен, на која беше и неговата ќерка, исто така помошник градоначалник во заминување, Бландин Прориол. По поразот уште во првиот круг на 15 март, двете сега се во опозиција, што претставува мала револуција за овој град каде што Жан Прориол успеа, во 1962 година, да го наследи неговиот татко Алфонс, кој го презеде тоа место од дедо му Матио, избран за градоначалник во 1928 година.

Во Франција нема ограничување за локалните и парламентарните мандати, па често се случува еден град, без разлика на неговата големина да има ист градоначалник во текот на неколку децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.