Едно 19-годишно момче почина, а три лица се во критична состојба, откако конзумирале преголема доза дрога на музички фестивал во Сиднеј, соопшти локалната полиција.

Две жени на 19 и 25 години и маж, чија возраст не е позната, се примени во болница во критична, но стабилна состојба, откако се онесвестиле за време на настанот во Олимпискиот парк во Сиднеј, на кој имало 18.000 луѓе.

Полицијата соопшти дека на вчерашниот фестивал вкупно 130 лица побарале лекарска помош.

Покренати се обвиненија против на 18-годишна жена и 25-годишен маж кои биле фатени со големо количество екстази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.