Пандемијата на Ковид -19 негативно влијае на менталното здравје на граѓаните низ Европа. Секој трет Европеец страда од зголемена анксиозност, покажува меѓународната студија на германската фармацевтска група Штада.

Причините кои 23 отсто од Европејците ги наведоа за анксиозност се загриженоста поради влијанието на пандемијата врз нивните финансии и бизнис, додека 42 процента од Европејците се плашат од заразување со вирусот.

Повеќе од половина Европејци (52 отсто) веруваат дека фактот што не можат да го видат своето семејство и пријателите е најстресниот од сите предизвици со кои се соочиле од почетокот на пандемијата.

За да се ослободат од стресот, 11 проценти од Европејците пробале онлајн курсеви по јога или медитација.

Други ефекти на пандемијата на коронавирусот се проблемите со спиењето кои ги имале 15 отсто од испитаниците.

Осаменоста, која е потенцијален предизвикувач и истовремено последица на проблеми со менталното здравје, погодува приближно еден од четворица Европејци. Во споредба со луѓето на возраст од 50 до 99 години (24 проценти), помладите Европејци (33 проценти) се чувствуваат поосамено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.