Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 ширум светот надмина пет милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, кој ги сумира податоците од државните и локалните власти, како и од медиумите и други сигурни извори.

Бројот на починати од Ковид-19 во светот се искачи на 5.000.425 луѓе, додека бројот на заразени е над 246,7 милиони.

Најголем број на смртни случаи од последици од Ковид-19 се регистрирани во САД – над 745.000, по што следуваат Индија и Русија.

Вкупниот број на смртни случаи ширум светот достигна четири милиони на почетокот на јули и се зголеми за еден милион за помалку од четири месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.