Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио каде економијата на еврозоната може да почека до крајот на 2022 година за да го достигне нивото од пред пандемијата. Тоа се наведува во извештајот на финансискиот регулатор.

Според песимистичко сценарио, БДП во еврозоната може да се намали за 12 проценти оваа година. Во вториот квартал, можно е да се забрза падот до 15 проценти.

Со помеко влијание на кризата, ЕЦБ очекува БДП да се намали за 5 проценти во 2020 година.

Претседателот на институцијата, Кристин Лагард наглчаси дека еврозоната ќе се соочи со невиден економски пад. Сепак, таа додаде дека е тешко да се направат такви предвидувања, бидејќи е нејасно колку ќе трае пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.