Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди министрите за финансии во еврозоната дека на монетарната унија може да им требаат фискални мерки во вредност од 1,5 билиони евра за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Тоа го тврдат извори од Банката за западни медиуми, пренесува БТА.

После 16-часовниот видео-конференциски состанок, кој заврши денеска без резултат, стана јасно дека Германија, Холандија и другите северноевропски земји се подготвени да ги поддржат европските мерки во вредност од само 500 милијарди евра, изјавија учесници во преговорите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.