Поголемиот дел од Западна Европа се бори со силната зимска бура „Дарси“, која донесе невообичаено големи врнежи од снег и пад на температурата и доведе до нарушувања на сообраќајот и прекинување на електричната енергија во многу области на Англија, Германија.

Во Холандија, властите прогласија ретка вонредна ситуација наречена црвен код.

Поради тоа што невремето доаѓа од истокот на Европа, од Црно море медиумите го нарекоа „Ѕверот од Истокот“.

Во Велика Британија, „Дарси“ доведе до нагло опаѓање на температурата до – 13 и навеа триесет сантиметри снег во некои делови на земјата. Ситуацијата дополнително ја влошуваат силните зимски ветрови, кои создаваат наноси на патот и ги кинат електричните кабли, што остави многу населени места без електрична енергија.

Возачите се предупредени за голомразица и снежни наноси на патиштата што веќе доведе до бројни сообраќајни несреќи. Возачите се предупредени да не тргнуваат непотребно на пат.

Метеоролозите предупредија дека ваквите временски услови ќе траат до четврток, со натамошно зголемување на снежната покривка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.