Американскиот Сенат ја потврди кандидатурата на Џулијан Смит за функцијата амбасадор на САД во НАТО. Кандидатурата е објавена откако републиканскиот сенатор од Мисури, Џош Хоули, ја повлече блокадата за нејзино назначување.

Џулијан Смит на новата функција доаѓа од сенатскиот комитет за вооружување, а претходно работела во Пентагон, каде што го предводела Одделот за европски и НАТО прашања, по што одреден период била и заменик-советник за национална безбедност во времето кога Џо Бајден му беше потпретседател на Барак Обама.

Назначувањето на Смит, која беше претставена од сенаторката Џин Шахин, демократка од Мисисипи, беше поддржано без никакви забелешки.

Функцијата амбасадор во НАТО во САД се смета за важна појдовна позиција во областа на безбедноста, во услови на зголемени закани во Европа од страна на Русија и во односите меѓу САД и Европа.

Гласањето за утврдување на кандидатурата помина брзо, откако сенаторот Хоули ја повлече претходно ставената блокада на постапката. Причината зошто Хоули ја симна блокадата е, како што рече, тоа што добил уверување дека Смит ќе бара од сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.