Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека досега вакцината ја примиле 2,4 милиони граѓани.

Мислам дека досега вакциниравме два милиона луѓе – рече Џонсон за време на посетата на центар за вакцинација.

Тој посочи дека Националната здравствена служба работи „неверојатно добра работа“.

Во исто време, портпарол на британскиот премиер рече дека британската Влада продолжува да ги следи најновите податоци и да ги разгледува сите мерки против Ковид-19.

Ги разгледуваме најновите податоци и статистички информации … продолжуваме да ги разгледуваме тие податоци и да ги следиме и да ги разгледуваме мерките, изјави портпаролот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.