Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека вакцината на АстраЗенека и универзитетот Оксфорд против Ковид-19 е безбедна и исклучително ефикасна.

Тоа е вакцина која е безбедна и исклучително добро дејствува, изјави Џонсон за „Тајмс“, истакнувајќи дека и „релативно лесно се дистрибуира“.

Во Велика Британија во тек е масовна кампања за вакцинација, а 24,5 милиони луѓе од декември досега добија први дози на AстраЗенека или Фајзер/Бионтек. Овие две вакцини моментално се достапни во земјата.

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе дискутираат за безбедноста на вакцината АстраЗенека.

Десетина земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Италија, ја прекинаа вакцината како превентивна мерка поради несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта кај некои луѓе кои биле вакцинирани со АстраЗенека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.