Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека стравот дека никогаш нема да го види синот кој требал да му се роди, му дал сила да го победи коронавирусот.

Џонсон рекол дека тоа му дало мотивација да ги истера сите негативни мисли во најтемните мигови во интензивна нега.

Едноставно одбив да мислам за тоа – рекол Џонсон и навел дека, додека лежел поврзан на монитори, се фокусирал само на позитивни мисли за свршеницата Кери Симондс, детето кое требало да се роди и остатокот од фамилијата.

Кога бил запрашан дали имал страв дека никогаш нема да го види синот, кој во меѓувреме се роди, Џонсон рекол да.

Имаме уште многу причини за живот и работа да завршиме и нема да кријам од вас, размислував за тоа – рекол британскиот премиер.

Три недели откако се избори со инфекцијата, Џонсон се врати во болницата за да биде сведок на раѓањето на синот кој го добил името Вилфред Лори Николас, пишуваат англиските медиуми, и додаваат дека средното име Николас е во чест на докторот Николас Прајс и професорот Николас Харт кои му го спасиле животот на интензивна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.