Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се надева оти неговата земја ќе има подобри односи со Русија.

– Јас сум како многу луѓе во Западна Европа кои секогаш се надеваат дека можеме да имаме подобри односи со Русија. Секогаш се надеваме, рече Џонсон во интервју за естонската радио-телевизја ЕРР њуз.

Тој додаде дека Лондон сака подобри трговски односи со Москва, но посочи на „ужасни проблеми“ во односите меѓу двете земји.

Во овој контекст, тој потсети на инцидентот во Солсбери, за наводното труење на Сергеј и Јулија Скрипал, и оцени дека „се појавуваат ужасни потешкотии во нашите односи со Русија“.

Во Талин, Џонсон се сретна со премиерот на Естонија, Јири Ратас и ги посети британските трупи во воената база Тапа кај Талин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.