Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека ја презема одговорноста за кршењето на епидемиолошките правила во својот кабинет.

„Ја преземам целосната одговорност за сè што се случуваше пред моите очи. Згрозен сум со одделни однесувања“, кажа Џонсон во парламентот по објавувањето на извештајот за забавите во Даунинг стрит 10 за време на забраната за собирање.

Во извештајот се наведува дека одговорноста за културата на однесување која довела до кршењето на правилата во кабинетот на премиерот Борис Џонсон мора да ја сносат оние на највисоката функција.

Џонсон ја коригираше и претходната изјава пред парламентот дека правилата биле почитувани, додавајќи дека не знаел дека на тие собири членови на неговиот кабинет ги прекршиле правилата.

„Не е утврдено дека моето присуство во тие моменти, кратко какво што беше, било надвор од правилата. Но јасно е дека тоа не било случајот со некои собири од кои сум заминал и други забави за кои не сум ни бил во зградата“, кажа британскиот премиер.

Џонсон повторно се извини за присуството на забавата по повод неговиот роденден во јуни 2020 за што му е изречена парична казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.