Велика Британија соработува со агенциите на ОН и други со цел да направи се што е во нивна моќ за да им помогне на народот во Авганистан, но не може да им се напише „бланко чек” на талибанците, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

Мораме да направиме се што е во наша моќ за да ги ублажиме последиците од преземањето на Авганистан од страна на талибанците, рече премиерот Џонсон во Парламентот на прашањето за хуманитарната криза во Авганистан. Џонсон рече дека „оваа година ја удвоиле обврската да помогнат”, а она што во моментов не можат да го направат е да напишат „бланко чек” на талибанските власти.

-Мораме да се погрижиме земјата да не се лизне назад во земја погодна за тероризам, рече премиерот Џонсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.