Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија најдоцна до 31 јануари, доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство на изборите за две недели.

Ако успееме да добиеме мнозинство, тогаш најдоцна до 31 јанаури ќе излеземе од ЕУ , рече Џонсон за радиот Би-Ви-Си.

Тој повтори дека не гледа причина зошто Велика Британија да треба да го продолжи преодниот период за Брегзит по 2020 година, пренесуваат британските медиуми.

 

Запрашан дали повеќе сака да остане премиер или Велика Британија да ја напушти ЕУ, Џонсон одговори дека „повеќе сакам да не исфлам од ЕУ, тоа можам да ви го кажам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.