Британскиот премиер Борис Џонсон е примен на лекување в болница, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа позитивен, објави „Би-Би-Си“.

Џонсон продолжува да има постојани симптоми на коронавирусна инфекција, истакна портпарол на Даунинг стрит.

Тој објасни дека хоспитализирањето на Џонсон претставува „превентивна мерка“, преземена по совет на личниот лекар на британскиот премиер.

Според Руската информативна агенција РИА Новости британскиот премиер Борис Џонсон е приклучен на респиратор поради влошена состојба.

Џонсон останува да ја предводи Владата и ги повика граѓаните да ги почитуваат неговите совети за социјално дистанцирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.