Британскиот премиер Борис Џонсон му предложи на францускиот претседател Емануел Макрон „продолжување на соработката меѓу Франција и Велика Британија“ по дипломатската криза поради подморниците.

Елисејската палата соопшти дека по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, одржан „на барање на Лондон“, Џoнсон „изразил подготвеност повторно да воспостави соработка помеѓу Париз и Лондон согласно заедничките вредности и интереси (климата, индо-пацифичката област, борбата против тероризмот и слично).

Претседателот му одговори на британскиот премиер дека ги очекува неговите предлози – се вели во соопштенеито.

Разговорот се одржа два дена по разговорите меѓу Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден со кои се намалија тензиите меѓу Париз и Вашингтон поради прогласување стратешко партнерство меѓу САД, Австралија и Велика Британија на 15 септември, кое заврши со откажување на профитабилен договор според кој Канбера требаше да купи француски подморници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.