По исклучителниот политички пресврт, британскиот премиер Борис Џонсон е на прагот да ја изведе Велика Британија од Европската Унија со ентузијастичка поддршка на силното мнозинство во парламентот, објави АП.

Откако претрпе серија парламентарни порази поради брегзит, плус срам кога му беше речено од британскиот Врховен суд дека неговото суспендирање на парламентот минатата година е нелегално, Џонсон победи на изборите на 12 декември и конечно го доби својот закон за брегзит, донесен пред Божиќ.

Очекувањата за следната година се големи, поттикнати од оптимизмот на Џонсон.

Во својата новогодишна порака, тој вети дека решавањето на застојот околу брегзит значи дека Велика Британија може да почне ново поглавје во историјата на земјата, во кое Британците ќе се соберат и ќе одат напред обединети, ослободувајќи огромен потенцијал.

На 31 јануари се очекува Џонсон да ја оддели Велика Британија од 27 други земји членки на ЕУ, со што ќе стане прва нација што излегла од блокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.