Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја искористи суспензијата на парламентот во траење од пет седмици да го осигура излегувањето од ЕУ до 31. октомври, со или без договор.

Мислам дека има маса на луѓе кои навистина сакаат тоа да се изврши, вклучувајќи британски луѓе, луѓе во Брисел и наши пријатели ширум ЕУ. Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се влече веќе три години, изјавил Џонсон за „BBC“.

Опозициските пратеници во понеделникот го одбија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори. Натпартиска група застапници од премиерот во понеделник побара да склучи договор со Брисел.

Заговорниците за безусловен Брегзит во Конзервативната партија сметат дека Џонсон треба да го игнорира законот кој го донесе парламентот, а преку кој Џонсон мора да побара одложување на Брегзит од ЕУ доколку до 19. октомври не се постигне договор со Брисел.

Работиме мудро за да добиеме договор. Мислам дека ќе добиеме, но ако биде апсолутно потребно ќе излеземе и без договор, рекол Џонсон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.