Конзервативниот британски пратеник, Филип Ли, преминал во редовите на опозициските либералдемократи пред пресметката во парламентот меѓу конзервативната влада на Борис Џонсон и револтираните конзервативци. Со ова владата на британскиот премиер Борис Џонсон загуби мнозинство во Парламентот.

Ли седел во редовите на опозицијата додека Џонсон се обраќал во парламентот.

Неговото напуштање на владејачката партија може да има големи последици бидејќи истата досега имаше мнозинство со само еден пратеник.

Ли изјавил дека владата се обидува да спроведе штетен Брегзит на непринципиелен начин, ризикувајќи ги животите и приходите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.