Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите во септември да ги испратат своите деца на училиште, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнувањето на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемијата со коронавирусот.

Ризикот децата да се заразат со Ковид-19 на училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на училиште – рече Џонсон.

Затоа, додаде тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите, пренесуваат британските медиуми.

Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца отколку да се вратат на училиште – рече британскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.