Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е назамисливо тоа што се изгубени полициски податоци, но нагласи дека неговата Влада работи на враќање на истите и ја проценува штетата, откако илјадници досиеја се случајно избришани.

Секако дека е незамисливо кој било податок да биде изгубен, но во овој момент се трудиме да ги вратиме тие податоци – истакна Џонсон во Парламентот.

Грешка во шифрирањето доведе до случајно бришење на околу 400.000 досиеја од базата на британската полиција, но експерти работат на враќање на податоците, истакна утрово британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Дозволете ми да објаснам. Станува збор за шифрирање и губење на околу 400.000 досиеја, но реалната бројка би можела да биде помала – нагласи Пател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.