Американскиот претседател Џо Бајден, кој утре треба да зборува пред Генералното собрание на ОН, ќе нагласи дека „не верува во идејата за нова Студена војна“, објавија американските медиуми.
Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови – изјавиl неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.
Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додава истиот извор.
Според изворот, Бајден сака да и даде до знаење на меѓународната заедница дека „го затворил поглавјето за војната“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и одлучна американска дипломатија што ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавањето проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.