Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети помош за сите Американци притиснати од економската криза.

Ја испраќаме оваа порака до сите што сега се борат: Доаѓа помош – изјави Бајден во Вилмингтон, каде што го претстави својот економски тим.

Неговата идна министерка за финансии, Џенет Јелен ја нарече кризата „американска трагедија“.

Толку многу луѓе едвај јадат и едвај ги плаќаат сметките и киријата, тоа е американска трагедија – изјави идната министерка за економија.

Таа додаде дека што е можно побрзо мора да се преземе нешто со цел рецесијата да не направи уште поголема штета.

Бајден најави дека за милионите Американци кои останаа без работа, помошта мора да биде брза и го повтори предизборното ветување за создавање добро платени работни места и намалување на нееднаквоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.